Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

Прилеп доби канализација и пречистителна станица со европски пари

Време: 16:01

Датум: февруари 7, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

50452 Bitte verwenden Sie das Motiv nur mit Quellenangabe Foto: djd/German Pellets Genussrechte GmbH. Verstoesse gegen das Urheberrecht muessen wir juristisch verfolgen. Bilder duerfen nur mit vollstaendiger Quellenangabe und im Zusammenhang mit dem jeweiligen Text genutzt werden. Wer Urheberrechte verletzt, muss mit erheblichen zivil- und strafrechtlichen Konsequenzen rechnen. Bitte immer bei Verwendung Abdruckbeleg/Veroeffentlichungshinweis an: djd, Bahnhofstr. 44, 97234 Reichenberg oder an info@djd.de

Прилеп е една од водечките општини во Македонија кога станува збор за искористувањето на средствата од ЕУ фондовите, преку кои се реализираат проекти со кои значително се подобрува квалитетот на живеењето на граѓаните.

Ова беше само една од темите на кои денеска се дискутираше при посетата на Општина Прилеп од страна на aмбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и aмбасадорот на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, посета пак која е дел од кампањата насловена како „ЕУ за ТЕБЕ“ или „EU for YOU“.

Моментално во Прилеп се реализира еден од најголемите проекти во Македонија финансиран со европски пари, а тоа е реконструкција и изградба на нова канализациона мрежа во градот, како и изградба на пречистителна станица.

„Средства од овие фондови, во висина од повеќе десетици милиони евра, се искористувани и во минатото. Се реализираше проект преку кој се реши еден од најважните проблеми за Прилеп, а тоа е решавање на проблемот со водоснабдувањето. Тој проект беше реализиран преку Владата на Германија и КФБ банката. Со тој проект околу 10-тина милиони евра беа вложени во изградба на нова водоводна мрежа во градот, нова административна зграда на ЈКП „Водовод и канализација“, нова механизација и намалување на загубите на вода. Резултат на овој проект е тоа што Прилеп денес е еден од најдобро снабдените градови со вода и го има едно од најуспешните водоводни јавни претпријатија. Средства од овие фондови се искористуваат исто така и за реконструкција на голем број училишта, патишта, водоводни и канализациони системи во нашата општина“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, истакна дека се надева оваа соработка помеѓу ЕУ и Општина Прилеп да продолжи и во иднина.

„Во нашата комуникација денеска со градоначалникот на Прилеп разговаравме за прашања кои се поврзани со животната средина, во врска со водата, за третитањето на отпадот, изградбата на пречистителната станица и други работи поврзани со заштитата на животната средина. За мене како амбасадор на ЕУ е исто така важно да се запознаам со овие проекти кои се финансирани од ЕУ и како што кажа градоначалникот на Прилеп, проектот за изградба на пречистителната станица и реновирањето и изградбата на канализационите системи е можеби најголемиот проект кој ЕУ го има финансирано во вашата земја, а тој чини 21,5 милиони евра “, истакна Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер, рече дека Прилеп е град кој претставува позитивен пример за многу активности.

„Видовме дека важниот проект за овој град кој се состои од реконструкција на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица претставуваат една голема целина, или целина која има смисла само доколку истите се поврзани една со друга. Втората работа е тоа дека со задоволство го поддржав мојот колега Жбогар во промоција на проектот „ЕУ за ТЕБЕ“ каде што станува збор за многу важни сегменти од животот на луѓето, животната средина, сегменти кои не ја засегаат само оваа земја туку се општо важечки за сите луѓе во светот. Секако дека овој проект „ЕУ за ТЕБЕ“ како земја членка на ЕУ го поддржуваме, но имаме и билатерална поддршка за Македонија кога станува збор за прашањата за животна средина и клима. Во амбасадата имаме фондови за т.н. климатски проекти, тоа се многу помали фондови од овие фондови на ЕУ, меѓутоа сепак станува збор за климатска заштита и воздух кој неможе да го поделиме на мој и твој, станува збор за чиста животна средина, а тоа е обврска на сите нас“, изјави Кристине Алтхаузаер, Амбасадор на Германија во Македонија.

Амбасадорите денеска ги посетија локациите каде се врши изградба на новата канализациона мрежа и изградбата на пречистителната станица во Прилеп, а остварија и посета на општина Новаци, каде се реализираат други проекти финансирани од ЕУ.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Мајките кои го завршуваат своето породилно отсуство од работа се соочуваат со огромен проблем, не може да го запишат своето дете во државните градинки. Вакви…

  • Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, за намалување на последиците од коронавирусот во…

  • Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази загриженост дека Европската унија (ЕУ) може да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против…

  • Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува…

  • Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории…

  • Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со…

  • Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.…

  • Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20:30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ…

  • Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека…

  • Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на…