3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКучи: Нема да дозволиме да дојде до нафтена криза

Кучи: Нема да дозволиме да дојде до нафтена криза

driton-kuci

Поради оневозможенот транспорт на стоки меѓу Македонија и Грција, преку граничниот премин „Евзони“, кој е затворен заради штрајкот на грчките земјоделци, ОКТА најави дека е можна нафтена криза, но министерот за економија, Дритон Кучи, вели дека ќе спречат такво сценарио

Тој најави дека ќе се интензивираат состаноците за надминување на проблемот со спречениот транспорт на нафта од Грција кон Македонија поради блокадата на македонско­грчката граница кај Евзони од страна на грчките земјоделци.

„Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека што поскоро ќе се реши. Како надлежен орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите“, рече Кучи на денешната прес­конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

За тврдењето на ОКТА дека е можна нафтена криза во земјава доколку наскоро не поминат цистерните со нафта од Грција во Македонија, министерот Кучи рече дека ќе спречат било каква криза.

„Секако ќе спречиме да дојде до било каква криза. Вчера од Секторт за енергетика ми укажаа дека веќе треба да се справиме со можната нафтена криза и затоа од денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот“, рече Кучи, нагласувајќи дека не знае до кога ќе трае блокадата на границата и протестите на земјоделците.

„Сакам да се надмине проблемот, бидејќи ја загрозува економската ситуација во земјава. Имаме комуникација со грчките органи, но сепак станува збор за интерен проблем“, рече Кучи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП