3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирма од Словачка ќе произведува пелети во Македонија

Фирма од Словачка ќе произведува пелети во Македонија

50452 Bitte verwenden Sie das Motiv nur mit Quellenangabe Foto: djd/German Pellets Genussrechte GmbH. Verstoesse gegen das Urheberrecht muessen wir juristisch verfolgen. Bilder duerfen nur mit vollstaendiger Quellenangabe und im Zusammenhang mit dem jeweiligen Text genutzt werden. Wer Urheberrechte verletzt, muss mit erheblichen zivil- und strafrechtlichen Konsequenzen rechnen. Bitte immer bei Verwendung Abdruckbeleg/Veroeffentlichungshinweis an: djd, Bahnhofstr. 44, 97234 Reichenberg oder an info@djd.de

Меморандум за соработка за производство на пелети, инвестиција вредна 10 милиони евра и 500 вработувања, денеска потпишаа ЈП Македонски шуми и словачката компанија „Холц консалтинг“.

„Станува збор за производство за пелети кои ќе се изработуваат од отпадот, односно шумскиот и земјоделскиот отпад кој досега не се користеше. Целиот тој отпад кој останува од лозјата, по полињата ќе се собира и ќе се произведуваат пелети. Компанијата покрај производството ќе има и дистрибутивна мрежа“, рече заменик-министерот за економија Христијан Делев.

Поголем дел од суровината ќе биде увезена од САД и од Украина, бидејќи ќе имаат потреба од поголемо производство, односно месечното произведство на пелети ќе биде двапати поголемо отколку домаќинствата во цела Македонија да се загреваат на пелети, појасни Делев.

Од производството на пелетите, за потребите во Македонија, компанијата ќе произведува околу пет до седум проценти, додека другото ќе се извезува во Италија.

Во моментов има потреба од повеќе од девет милиони тони пелети во Македонија.
Цената на пелетите ќе биде берзанска, но ќе биде многу пониска од сегашната цена во Македонија.

Претставникот на компанијата Хенри Кубичка појасни дека пелетите претставуваат зелена енергија и во однос на нивната искористеност во ЕУ како извор на енергија, таа расте во просек за десет проценти на годишно ниво.

„Ќе изградиме фабрика што ќе ги собира отпадоците од шумите и полињата и ќе произведуваме пелети. Во првата фаза ќе бидат реинвестирани околу 10 милиони евра и ќе вработиме околу 500 луѓе во првите три години од проектот со план за зголемување на оваа бројка во наредниот период. Производството на пелети ќе се користи за македонскиот пазар, но најголем дел ќе се извезува“, истакна Кубичка.

Тој најави дека во втората фаза ќе се изгради фабрика за производство на печки за пелети што би ги замениле сегашните печки кои, како што рече, можеби не се толку зелени, и тоа се одразува на воздухот.

Директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски појасни дека меморандумот содржи основни одредби со кој Македонски шуми се обврзува на Холц консалтинг да и обезбеди потребна суровина и друга логистичка поддршка за почнување на процес за изградба на фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП