3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе одлучи за продолжување на рокот за привремено сместување на поплавените

Владата ќе одлучи за продолжување на рокот за привремено сместување на поплавените

poplavenite

Владата на наредната седница, што треба да се одржи денеска или утре, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, кој ќе се темели врз основа на извештаите на екипите на Центарот за социјална работа, ќе донесе одлука дали и за кого ќе биде продолжен рокот за сместување во „Сениќ“ и „Партение Зографски“ на лицата на кои во поплавите им беа оштетени домовите.

„Испративме екипи од Центарот за социјална работа да отидат на лице место и да утврдат кои од лицата имаат услови за враќање, кои не, така што ќе поднесеме предлог до Владата и таа да одлучи што понатаму. Но, нашата намера не е да ги оставиме лицата на улица бидејќи огромен број од нив примиле надоместок, односно обесштетување, а се уште не презеле никаков исчекор во делот на средување на условите. Сепак, оставаме на Владата да одлучи дали и до кога ќе го продолжи рокот за сместување во „Сениќ“ и во „Партение Зографски“, изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Оние што веќе имаат услови ќе треба да се вратат, а за оние коишто немаат, МТСП ќе даде предлог до Владата за пролонгирање на нивниот престој во објектите каде што се сместени.

По поплавите во август минатата година, Владата одлучи лицата кои немаа услови да останат во своите домови да бидат сместени во одредени објекти не подолго од 180 дена, а оштетените имаа можност да аплицираат за средства од државата за санација на штетите во домовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП