10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на BASF се намали за 15 проценти

Добивката на BASF се намали за 15 проценти

basf1

Германскиот хемиски гигант „BASF“ истакна дека солидно ја започнал 2013 година, информирајќи за зголемување на приходите и основниот профит во првиот квартал, додека неговата нето добивка е намалена.

Во „BASF“ наведуваат дека нето добивката во периодот од јануари до март изнесувала 1,44 милијарди евра, што значи дека е помала за 15,1 проценти од истиот период во минатата година. Падот го објаснуваат со минатогодишниот еднократен ефект поврзан со продажбата на бизнисот со ѓубрива.

Оперативната добивка се зголемила за 10,1 проценти, на 2,214 милијарди евра. Приходите се зголемени за 4,8 проценти и изнесуваат 19,738 милијарди евра.

Од „BASF“ ги потврдија и прогнозите за цела година, „Ние стоиме зад нашите прогнози за 2013 година. И понатака ќе се обидуваме да го зголемиме нивото на продажба“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП