3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство со најголем месечен пад од пред 8 години

Германското индустриско производство со најголем месечен пад од пред 8 години

gas434

Послабата индустрија и градежништво водат до најголем месечен пад на германското индустриско производство од близу осум години, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоците на германската статистичка служба „Destatis“.

Индустриското производство во Федералната република оствари пад од 3% на месечна основа во декември, што е далеку под просечната прогноза на економистите анкетирани од „Ројтерс“ за раст од 0,3 отсто.

Тоа е најголем пад од јануари 2009-та година и се должи пред се на падот во индустријата во износ од 3,4 отсто и пад во градежништвото од 1,7 отсто.

Податоците за ноември се ревидирани нагоре од 0,4% до 0,5% и така кварталниот пад се стеснува со само 0,1%.

„Нарачките во индустријата и градежништвото, како и индикаторите за ставовите во овие сектори, сигнализираат за наплата во растот на производството во наредните месеци“, посочуваат од Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП