3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање

Денес ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање

eksterno-testiranje-1

Денес, во училиштата ќе бидат објавени резултатите од екстерното проверување на постигањата на учениците за учениците од завршните години на средното образование.

Државниот испитен центар информира дека јануарската сесија од екстерното проверување на постигањата на учениците од завршните години на средното образование поминало во најдобар ред и генерално без проблеми.

Со тестирањето беа опфатени 19.178 ученици кои беа тестирани по два предмети во два дена. Од страна на училиштата пријавени се само четири прашања со технички проблем од вкупно 103.300 прашања од објавената база (две прашања со нецелосен превод, едно дупло прашање и едно прашање со два исти дистрактори). Овие прашања се поништени и избришани од базата со што учениците нема да бидат оштетени.

Приговор на резултатите од јануарската сесија учениците ќе можат да достават во училиштата, каде ќе им биде овозможен и увид во тестот, а конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13.02.2017 година.

За учениците кои се оправдано отсутни ќе биде организирана дополнителна сесија која ќе се спроведе во два дена и тоа на 27.02.2017 и 02.03.2017 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП