3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ќе ги забранат попустите на алкохолните пијалаци

Русите ќе ги забранат попустите на алкохолните пијалаци

pijaloci33

Намалените цени на алкохолните пијалаци во суштина се нивна реклама и тоа треба да се забрани, рекла за Риа новости, директорката на Руската федерална служба за заштита на потрошувачите, Ана Попова, коментирајќи го предлогот кој се појавил во рускиот парламент, алкохолните пијалаци да бидат исклучени од попустите и разните акции во маркетите.

„Таквите акции треба да бидат третирани како реклами кампањи и тоа треба да се забрани“, смета Попова.

Минатата недела телевизијата Russia Today, објави дека во парламентот се подготвува предлог закон со кој треба да биде забранета акциска продажба на алкохолните пијалаци.

Според пратеникот Владимир Сисоев, кој е предлагач на законот, акциите и попустите само придонесуваат за поголема потрошувачка на алкохолот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП