3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит притиснати од падот на цените на нафтата

Индексите на Волстрит притиснати од падот на цените на нафтата

wall-stre-33

Берзанските индекси на Волстрит во понеделник благо паднаа, што најмногу е последица на притисокот на енергетскиот сектор заради падот на цените на нафтата.

Dow Jones ослабе 0.09 отсто на 20.052 бодови, додека S&P 500 се лизна 0.21 отсто на 2.292 бодови, а Nasdaq 0.06 отсто на 5.663 поени.

Во девет од 11 најважни сектори на S&P 500 индексот, цените на акциите во понеделник паднале, а најмногу 0,9 отсто во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на нафтата.

Се тргуваше внимателно, бидејќи инвеститорите чекаат појасна слика за тоа што носат политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

И на европските берзи цените на акциите паднаа.

Лондонски FTSE ослабе 0.22 отсто, на 7.172 бодови, додека франкфуртски DAX се лизна 1.22 отсто, на 11.509 поени, а париски CAC 0.98 отсто, на 4.778 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП