3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународните девизни резерви на Кина се намалуваат под 3 илјади милијарди долари

Меѓународните девизни резерви на Кина се намалуваат под 3 илјади милијарди долари

juki30

Меѓународните девизни резерви на Кина се намалуваат под 3 илјади милијарди долари во јануари, достигнувајќи го најниското ниво од почетокот на 2011-та година, откако јуанот го забележа најострото годишно поевтинување од пред две децении, пишува „Bloomberg“.

Резервите се намалуваат со 12,3 милијарди долари до 2,998 милијарди долари, покажуваат податоците на Народна банка. Очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беа за 3,004 милијарди долари.

Во целата 2016-та година меѓународните резерви на Кина се намалуваат со 320 милијарди долари.

Дополнителен пад на најголемите резерви во светот може да ги натера регулаторите повторно да ја затегнат политиката за контрола на одливот на капитал и над трансакциите во странство од страна на компании. Неодамна властите во Пекинг воведоа построги барања за размена на јуанот во девизи.

„Падот на резервите под психолошката граница од 3 илјади милијарди долари ќе го зголеми притисокот врз кинеските регулатори да го спречат понатамошно протекување не резерви“, коментира Раџив Бисвас, главен економист во „IHS Global Insight“ во Сингапур.

Во последниве месеци истекот на капитал од Кина се зголеми, бидејќи јуанот забележа најголема губитничката година во однос на доларот од 1994-та година, поевтинување со 6,5 отсто. Во првите 11 месеци од годинава, „Bloomberg Intelligence“ проценува дека 739 милијарди долари ја напуштиле земјата. Јуанот кој се тргува на внатрешниот пазар, се врати во јануари 2017-та година и се покачи за 1% во позадина на поширокото поевтинување со доларот.

Имотот на Меѓународниот монетарен фонд, познати како „Специјални права на влечење“, се намалуваат од 2,24 илјади милијарди во декември до 2,21 илјади милијарди во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП