24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната со најниска стапка на невработеност од 2009-та

Еврозоната со најниска стапка на невработеност од 2009-та

4675613335898c4251d309386467899_w640

Стапката на невработеност во еврозоната во месец декември опадна на најниското ниво за седум ипол години, бидејќи економскиот замав опстана и покрај неизвесноста поради Brexit.

Стапката на невработеност во 19-члената еврозона во декември опадна повеќе од очекувањата, на 9,6 проценти, пред се благодарение на големото намалување на невработеноста во Шпанија и Португалија, соопшти европската служба за статистика Евростат, пренесува агенцијта Франс прес.

Тоа, како што известува агенцијата АП, е најниската стапка на невработеност во еврозоната од мај 2009 година.

Кога станува збор за инфлацијата во еврозоната, таа во година дена заклучно со јануари порасна на 1,8 проценти, што е највисокото ниво за речиси четири години и забрзување во однос на 1,1 проценти од декември.

Економскиот раст на еврозоната во четвртиот минатогодишен квартал достигна 0,5 проценти, во однос на растот од 0,4 проценти од претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП