21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на BNP Paribas порасна над 2 пати во текот на...

Нето добивката на BNP Paribas порасна над 2 пати во текот на четвртиот квартал

baribas3030-4

Француската банка „BNP Paribas“ соопшти дека нејзината нето добивка е зголемена повеќе од двојно во четвртиот финансиски квартал поддржана од силното претставување на инвестициското банкарство, кое се обнови по тешкиот квартал пред една година.

Најголемата јавна банка во Франција по големина на активата, вели дека нето профитот се зголеми до 1,44 милијарди евра од 665 милиони евра пред една година. Приходите се зголемени за 2% до 10,66 милијарди евра.

Нето добивката, намалена по отпишувањето на единицата во Полска и трошоци за реструктуирање од вкупно 127 милиони евра, е под очекувањата на аналитичарите од 1,57 милијарди евра, покажува анкетата на „FactSet“.

Од „BNP Paribas“ исто така рекоа дека очекува нето добивка да се зголемува со над 6,5% годишно во следните три години, одржувајќи го „таванот3 на трошоците и зголемувајќи ги приходите главно од меѓународните финансиски услуги и инвестициското банкарство како дел од стратешкиот план претставен во вторникот.

Француската банка има корист од зголемената трговија по изборите за претседател во САД, што помогна да се компензираат ниските каматни стапки и умерениот економски раст.

Бизнисите со фиксен приход на „BNP Paribas“ забележува раст од 23% на приходите, што е зголемување на приходите од корпоративното и инвестициското банкарство со 8% до 2,82 милијарди евра во трите месеци до крајот на декември.

Единицата со меѓународни финансиски услуги на банката, која го вклучува банкарство на мало надвор од еврозоната, управувањето на благосостојбата, потрошувачките финансии и осигурување остварија зголемување на приходите од 3% до 4,03 милијарди евра.

Приходите од банкарство на мало во Франција, Италија, Белгија и Луксембург, сепак се намалија за 1% до 3,87 милијарди евра погодени од трајно ниските каматни стапки.

Банката вели дека очекува приходите да се зголемуваат со најмалку 2,5% годишно меѓу 2017-та и 2020-та година и би требало да и овозможи на банката да го зголеми враќањето на капиталот до 10% до 2020-та година во однос на 9,4% во 2016-та година, а соодносот на основниот капитал од прв ред – до 12%. Во декември тие биле на ниво од 11,5%.

„BNP Paribas“ изјави дека ќе им плати на акционерите дивиденда од 2,7 евра по акција за 2016-та година, а банката цели да ја зголемува дивидендата со 9% годишно во просек помеѓу 2017-та и 2020-та година.

„BNP“ е првата голема француска банка која поднесува извештај за четвртиот квартал. „Societe Generale“ ќе ги објави резултатите на 9-ти февруари, а „Credit Agricole“ на 15-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП