3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема програма за Атина без ММФ

Нема програма за Атина без ММФ

mmf2

Германија верува дека меѓународниот монетарен фонд ММФ ќе остане вклучен во програмата за исплата на финансиска помош за Грција и нагласува дека повлекувањето на таа институција ќе го означи крајот на сегашната програма.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле нагласи дека „програмата е завршена“ доколку во неа не учествува ММФ, изјави портпаролот на Министерството за финансии Јирген Вајгрбер.

Германија, најголемата европска економија, сака ММФ да има удел во исплатата на помош за Атина поради поголемиот кредибилитет на таа акција, но се потиви на отпишувањето на долговите на Грција, што го бара ММФ.

Берлин бара од Атина прво да ги комплетира сеопфатните реформи и среднорочно да го задржи буџетскиот суфицит на нивото од 3,5 проценти, по завршувањето на актуелната финансиска програма во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП