3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата останува стабилна

Цената на нафтата останува стабилна

naf 00

Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот близу нивото од 57 американски долари, бидејќи намаленото производство на членките на ОПЕК и засилената тензија во односите меѓу САД и Иран, ја зголемија загриженоста заради зголеменото американско производство.

На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,86 долари. Значителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 53,98 долари.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петокот изнесувала 54,24 долари, што значи дека пораснала за 31 цент во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП