3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏек Ма: Ако престане трговијата, започнува војна!

Џек Ма: Ако престане трговијата, започнува војна!

dzek ma 303

Кинескиот милијардер и сопственик на платформата за купување „Alibaba“, Џек Ма, предупреди дека ќе започне војна кога ќе престане трговската размена.

Говорејќи во Мелбурн на отворањето на седиштето на „Alibabа“ за Австралија и Нов Зеланд, Ма истакна дека е загрижен поради „трговските војни“.

„Ако престане трговијата, започнува војна“, рече кинескиот милијардер.

Излегувањето на Америка од „TPP“

Ma, кој минатиот месец се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, вети дека неговата компанија ќе помогне во создавање на милион работни места во САД.

Трамп па почетокот на својот мандат донесе одлука за повлекување на САД од Транспацифичкиот трговски договор (TPP), велејќи дека станува збор за „потенцијална катастрофа за САД“.

Tоа предизвика бурни реакции од страна на земјите кои се потписнички на овој договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП