Поради дефект без вода во вторник наутро е дел од населбата Автокоманда.
Како што соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација, поради уличен дефект ф-400 мм на ул. Интернационални бригади бб (пред влезот на пожарна) во нас. Авто Команда, прекинато водоснабдување имаат корисниците од истата улица со фабриките: Европа и Алкалоид како и ЈСП – Скопје, додека со намален притисок ќе биде Пивара Скопје и нас. Керамидница од 04:00 часот до санирање на дефектот.