1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДинамичен ден на Македонската берза

Динамичен ден на Македонската берза

mk-berza-kke

Тргувањето во понеделникот на Македонската берза беше отворен со трансакција во вредност од 1.84 милиони денари и истргувани 20.000 акции од РЖ Услуги по цена од 92 денари.

Акцијата на Алкалоид се најде втора со остварен промет од 1,5 или учество од над 20 отсто во вкупниот промет од 6.875.670 денари. Се истргува количина од 273 акции по просечна цена од 5.500 денари.

Акцијата на Охрдиска банка ја продолжува позитивната серија и достигна ново ценовно ниво од 5.342 денари со истргувани само 3 лотови и раст на цената од 2,98%. За споредба минимална цена во последните 12 месеци е 2.130 денари.
МБИ10 забележа раст на вредноста од 0,04 отсто додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП