5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 57 долари, во фокус тензиите во иранско-американските односи

Цените на нафтата близу 57 долари, во фокус тензиите во иранско-американските односи

nafta-pafta

Цените на нафта се стабилизираа во понеделникот на меѓунaродните пазари близу нивото од 57 долари за барел, имајќи предвид дека намаленото производство од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и зајакнатите тензии во односите меѓу САД и Иран ја надвладеаја загриженоста поради зголеменото американско производство.

На лондонскиот пазар цените на нафтата останаа речиси непроменети во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваа 56,86 долари. Позначителни промени во цените немаше во понеделникот ниту на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по цена од 53,98 долари.

Одвоено OPEC во понеделникот објави дека цената на барелот на референтната кошница негова нафта во петокот изнесувала 54,24 долари, што значи дека пораснала за 31 цент во однос на претходното затворање на тргувањето.

Пазарите на почетокот од ова седмица се фокусираа на новите американски санкции против Иран, кои нема да влијаат врз производството на нафта, но ги подгреаја стравувањата од можни нови препреки за дури од неодамна по деценија обновениот ирански извоз на нафтата. Тензиите меѓу САД и Иран се зајакнати по иранското тестирање на проектил, поради кое Вашингтон воведе санкции против приватни и физички лица поврзани со иранската елитна Револуционерна гарда.

„Сé поизразената тензија во односите меѓу САД и Техеран… ги поддржува цените“, заклучуваат во „Commerzbank“. Американските санкции засега не влијаат на производството, но „тоа би можело да се промени доколку состојбата ескалира“, додаваат.

Иран го зголеми производството откако ланската 2016 година беа укинати повеќето меѓународни санкции, воведени поради нуклеарната програма на Техеран. Поради тоа Иран и беше изземен од договорот на членките на OPEC и другите независни производители за намалување на производството за 1,8 милини барели дневно.

Членките на OPEC уште во јануари, првиот месец од спроведување на одговорот, оствариле 80 отсто од зацртаните кастрења. Крајниот рок е 1-ви јули. Русија, исто така, го намали производството, за околу 100.000 барели дневно, во однос на зацртаните 300.000 барели на дневна основа.

Во таквата атмосфера, податокот за продолженото зголемување на бројот активни црпилишта во САД изминатата седмица, падна во втор план. Нивниот број се зголемил за 13 од вкупно 14 изминатите седмици, покажаа податоците на компанијата „Baker Hughes“, кои беа објавени во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП