11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото наскоро ќе исчезне?

Еврото наскоро ќе исчезне?

euro3

Еврото, заедничката валута на 17 членки на ЕУ, среднорочно гледано има ограничени шанси да преживее и би можело да исчезне во рок од пет години.

Главниот советник за економија на германската влада Кај Конрад тврди дека иднината на еврото ќе биде токму таква.

Со тоа, за прв пат од штабот кој и дава економски совети на германската влада, се порачува дека еврото повеќе не е долгорочен проект. Веќе долго време се претпоставува дека германската канцеларка Ангела Меркел би можела да се заложи за напуштање на еврото.

Оваа проценка од круговите блиски до нејзината влада ги потврдуваат, според наводите на Дојче Веле, претпоставките според кои тие имаат план Б, во вид на излез од еврозоната.

Конрад, исто така, изјавил дека претходно прокламираниот курс на штедење во членките на еврозоната повеќе не функционира и дека отпорот кон таквата економска политика во најголем број од земјите на монетарниот блок ќе биде се посилен.

Дојче Веле известува, повикувајќи се на домашните медиуми, дека и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо смета дека мерките за штедење во еврозоната и ЕУ повеќе не е можно да се спроведуваат.

Се чини дека Меркел и Баросо ментално веќе се подготвуваат за крајот на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП