2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо Катар ервејс ќе се лета директно Скопје-­Доха

Со Катар ервејс ќе се лета директно Скопје-­Доха

quatarairways_MGzoom

Авиокомпанијата Катар ервејс официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје­-Доха-­Скопје.

„Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глобална авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот Исток“, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Со тоа се зголемува бројот на дестинации со кои Македонија е директно поврзана. Имаме триесетина дестинации од кои 25 се достапни преку нискобуџетните летови.

Во 2005 година од македонските аеродроми се летало на вкупно 17 дестинации, а во 2016 на 35 дестинации.

Од 35 дестинации Визер покрива 25, а други авиопревозници ги покриваат дестинациите Загреб, Дубаи, Белград, Љубљана, Истанбул, Виена и Цирих. Авионите на Визер сообраќаат до Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихшафен, Базел преку Охрид, Берлин, Копенхаген, Братислава и Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП