18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеславен рекорд: Во Бразил 12,3 милиони лица се без работа

Неславен рекорд: Во Бразил 12,3 милиони лица се без работа

Brazil-unemployment-copy-1

Стапката на невработеност во Бразил во периодот октомври-декември 2016 година достигна 12 проценти, што е нов рекорд, покажаа објавените официјални податоци.

Тоа значи дека 12,3 милиони лица во тој период биле без работа, што е за една третина повеќе отколку во истиот квартал во 2015 година, соопшти бразилскиот Институт за географија и статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Исклучително високата стапка на невработеност, како што оценува АФП, ја загрози популарноста на владата на претседателот Мишел Темер, кој минатата година дојде на власт по отповикувањето на Дилма Русев.

Во последниот квартал од 2015 година, под администрацијата на Русев, стапката на невработеност изнесувала 9,0 проценти, додека година дена претходно била на 6,5 проценти.

Бразилската економија во 2015 година опадна за 3,8 проценти, а се проценува дека минатата година евидентирала пад од 3,5 проценти, лизгајќи се во најлошата рецесија во речиси сто години.

Централната банка на Бразил предвидува дека економијата ќе се врати на стазите на растот од 0,8 проценти во наредната година, по две години длабока рецесија, иако ММФ прогнозира раст од само 0,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП