9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците се најголемите економски губитници од воведувањето на еврото

Италијанците се најголемите економски губитници од воведувањето на еврото

italy_euro1_sl-1329131357

По близу две децении од воведувањето на единствената европска валута – еврото, Италијанците се можеби најголемите економски губитници помеѓу членките на еврозоната, оценува Bloomberg.

Бруто домашниот производ по жител во Италија во изминатите 18 години падна за 0,4 отсто, според пресметките на Bloomberg врз основа на податоците на статистичкиот завод на ЕУ до 2015-та година и проценките за минатата година, пренесува SEEbiz.

Иако италијанската економија од 1998-та па наваму порасна за 6,2 отсто, нејзината популација е зголемена за 6,6 проценти во истиот период, што укажува на пад на БДП по глава на жител, наведува њујоршката агенција.

Економистот на UniCredit банката од Милано, Лоредана Федерико изјавила дека споредувањето со другите држави јасно покажуваат дека италијанската економија во тој период остварила извонредно ниска стапка на раст.

„На Италија ќе и биде доста тешко во годините кои доаѓаат да го надополни тој јаз кон другите економии, кои веќе се вратија на нивото на растот од периодот пред кризата, или пак дури и го надмнале тој рас“, додала Федерико.

Како за пример, во Германија, најголемата економија на еврозоната, БДП-то по глава на жител од 1998-та година пораснало за 26,1 отсто, поради што, како што оценува Bloomberg, граѓаните на Германија се победници помеѓу сите останати економии во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП