4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмазон гради логистички центар во Чешка

Амазон гради логистички центар во Чешка

amazon

Најголемата светска интернет продавница Амазон планира да изгради логистички центар во Чешка, кој може да биде отворен уште оваа година, пишува денеска чешкиот бизнис весник „Е15“, повикувајќи се на неколку независни извори.

Чешка со тоа ќе стане првата европска земја источно од Германија, во која Амазон ќе работи во тој обем. Фирмата во Словачка е задолжена за поддршка на продажбата, а во Романија за развојниот центар.

Логистичкиот центар во Чешка по големина ќе биде во ранг на најголемиот дистрибутивен центар во Европа во германскиот Бад Хердфелд. Неговата површина е од околу сто илјади квадратни километри.

За Чешка тоа ќе значи најмалку илјадници работни места, додава весникот. Амазон минатата есен кога отвори нов дистрибутивен центар во Франција вработи 2.500 работници. Во Германија фирмата постојано вработува 7.700 лица, а уште илјада ангажира на одредено време пред Божик.

Амазон е еден од најголемите и настарите интернет трговци во светот. Џеф Безос, кој е денеска е на чело на фирмата, ја основаше во 1994 година по името Кадабра.

Концернот Амазон уште одамна не е само интернет книжара. Сега продава и други производи – од музика, преку играчки, до мода.

Гордост на фирмата изминатите години е „киндл“, читач на електронски книги, кој го пласираше и постојано го подобрува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП