26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрилепска „Металотехника“ одбележува јубилеј 30 години

Прилепска „Металотехника“ одбележува јубилеј 30 години

termo

Металотехника Прилеп е вистински позитивен пример за иновативна македонска компанија, која има јасна визија, покажува креативност и посветеност, и со напорна работа креира иновативни македонски производи. Производи кои имаат напредни техничко технолошки карактеристики и можат да најдат широка примена во модерното градежништвото. Регистрирана во далечната 1987, Металотехника Прилеп оваа година слави јубилеј, 30 години постоење.

Ретки се компаниите во Македонија, кои можат да се пофалат со 30 години на континуирана работа, а посебно ако станува збор за производна компанија чија основна определба се иновациите. Оваа наша компанија уште во далечната 1994 год регистрира сопствена фирма Металотехника во Москва, Русија, а веќе следната година и во Украина. Во 1995 година изгради индустриски комплекс во село Лагово, недалеку од Прилеп, а во 2000 година и набави опрема од Тајван за производство на метални цевки. Од 2001 до 2008 година работи на креирање на обновливи извори на енергија заедно со компанија Металец, чиј доминантен сопственик е од 2001 година.

За пофалба е најновиот  иновативен производ „ТермоСтоп”, кој всушност е термо, звучна и хидро изолација произведена во 2015 година со нано-технологија,  со што оваа прилепската компанија е една од неколкуте во светот која произведува ваков производ. Во областа на градежништвото Металотехника Прилеп е уникатна и по своето производство на природни материјали од камен идеални за декорација на ентериери и екстериери. Станува збор за Камен фурнир, Камена тапета и материјали за Камен Тепих, кои се 100% изработени од македонски материјали, и кои имаат се поголема употреба.

“Но активностите не завршуваат тука, оваа јубилејна 2017 години, Металотехника Прилеп сака да ја одбележи со нова голема иновација во производство на обновливи извори на енергија кои се од водород и кавитација – пиролиза на вода која настанува при процесот  2H2O=2H2 + O2 и обратен процес 2H2 + O2 = 2H2O + 286 кило џули ослободена топлина . Се надеваме на поддршка од државата, дека ќе имаме можност да ги реализираме сите неопходни истражувања, и оваа наша идеја да се реализира. Да произведеме обновлива енергија од вода, односно од нејзиното раздвојување на водород и кислород. Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за издвојување на таа топлина. За ефтино одвојување ние имаме создадено специјална технологија која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти., изјави Јандре Здравески сопственик и директор на Металотехника.

Оваа година се надеваме на почеток на сериско производство на ТермоСтоп, кој навистина е ефикасен изолационен материјал. Првите корисници на ТермоСтоп веќе ги увидеа бенефитите од овој термо изолационен материјал, кој обезбедува заштеда на енергија. Само 1-2 милиметри нанесени од „ТермоСтоп“ заменуваат 50-70 милиметри класична изолација, а заштедата на енергија е 30-50%. Според сите проценки инвестицијата во ваква изолација се враќа за една грејна сезона, додава Здравески.

„ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди.

Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриските капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. [email protected]

 

Повеќе инфо за ТермоСтоп:

Суровините се набавуваат од Русија, Кина и Германија и мал дел од Македонија. Безбедноста и нетоксичноста на сите суровини се испитани во странски лаборатории, како гаранција дека овој изолационен материјал е eco-friendly и не ја загадува околината.  Досега се направени анализи на Природно-математичкиот и Ветеринарниот факултет во Скопје, Испитувања за У вредност на термостоп и испитување на звучниот ефект на изолацијата напревени од компанијата Геинг, Скопје, на Градежниот факултет во Софија за одредување на коефициентот на топлотна спроводливост λ (0,058), а се чекаат и резултатите од Институтот Винча во Белград. Првите контакти за извоз на „ТермоСтоп“ во Русија и Украина се направени. Ова се пазарите каде се очекува производот да има најголем пробив. Годишно Металотехника ќе произведува 25.000 литри течна изолација, за чие производство е набавена и нова опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП