28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Словенечката економија ќе расте

Блумберг: Словенечката економија ќе расте

slovenija3

Словенечката економија во 2014 година ќе биде во пораст, проценуваат економистите од американската агенција Блумберг.

Словенечката економија, која се соочува со криза во банкарскиот сектор, оваа година, втора по ред, ќе забележи пад, а потоа во 2014 година ќе биде во пораст, оценија економистите од Блумберг.

Економскиот пад во 2013 година, според проценките на Блумберг, ќе изнесува 1,9 проценти, за 2014 година се предвидува раст од 0,4 проценти, а во 2015 година од 1,5 проценти.

Агенцијата наведе дека Словенија е соочена со тешка економска ситуација, која ја потврди и премиерката Аленка Братушек.

Како пример се наведува предлогот на националната програма за реформи, според која на словенечките банки до крајот на јули им се потребни околу 900 милиони долари свеж капитал, а во случај на влошување на економските услови, таа бројка би била уште поголема.

Словенија ја преживува втората рецесија по 2009 година и се подготвува за издавање на обврзници, за да обезбеди пари за докапитализација на Нова Љубљанска банка (НЛБ) и пополнување на државниот буџет.

Во тек е проверката за интресот на инвеститорите за купување на тие обврзници, минатата година Словенија на американскиот пазар продаде 10-годишни обврзници за вкупно 2,25 милијарди долари со камата од 5,7 проценти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП