19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена видливост на патиштата, сообраќајот се одвива во зимски услови, по важни...

Намалена видливост на патиштата, сообраќајот се одвива во зимски услови, по важни коловози

magla2

Сообраќајот на патините правци низ републиката се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје-Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сеуште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4×4.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања околу половина час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП