4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлармантно загадување викендов, дали властите ќе се освестат и ќе преземат конкретни...

Алармантно загадување викендов, дали властите ќе се освестат и ќе преземат конкретни мерки?

ppp

Викендов во Скопје беше измерено енормно загадување на воздухот. Во саботата во Карпош мерењата покажаа рекордна загаденост од над 1200 суспендирани честички(ПМ10) на метар кубен. Хронично најзагадени точки годинава се Лисиче, Миладиновци, Газибаба, Карпош, Центар и ректорат.

Ситуацијата со загадувањето е алармантна. Наместо Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да препорачуваат луѓето од ранливите групи да седат дома за да ја намалат изложеноста на отровен воздух, под итно да се преземе контрола на издувните гасови од стари возила, контрола на огревот за домаќинствата, намалување на цената на струјата, гасификација или други ефикасни мерки.

kkk

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата, и тоа е на аларматно ниво бидејќи загадениот воздух ја преминува границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетува детскиот мозок во развој, а децата се немоќни што било да сменат.

“Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина „пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат. Значи ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“ – доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП