28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата ја намали видливоста на неколку патни правци, граничниот премин Евзони затворен...

Маглата ја намали видливоста на неколку патни правци, граничниот премин Евзони затворен за сообраќај

magla-patista-33

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сé уште затворен за сообраќај, додека премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла, намалена видливост има на следните места: Струмица 100 – 200 метри, Велес до 50 м, Неготино до 100 м, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и Скопска обиколница 10 – 15 метри.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информација од Јавнотот претпроијатие „Јасен“, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП