19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Гранит најбарани на берзата

Акциите на Гранит најбарани на берзата

mk berzat99

Најликвидна акција во петокот беше акцијата на најголемата македонска градежна компанија Гранит.

Со промет од 1,89 милиони денари и истргувани 3.042 лотови по цена од 621,51 денари Гранит беше лидер по прометот, додека релатитвниот раст на цената беше 1,78 отстo.

Според прометот следеа акциите на Алкалоид, со 1,7 милиони денари, Комерцијална банка со 1,3 милиони, Охридска банка со 0,8 милиони.

Кај Уни банка се бараше акција повеќе. Се истргуваа 330 лотови по цена од 1.285,00 денари при што растот на цената во однос на претходната референтна цена беше 9,96 отсто.

Прометот се движеше во рамки на просекот и денес изнесуваше 7,4 милиони денари преку 63 трансакции, додека индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,63 отсто, и изнесуваше 2.247,81 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП