13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната живна, деловните активности на максимум

Еврозоната живна, деловните активности на максимум

21421477775894731a450e3340781333_w640

Показателот на деловните активности во преработувачката индустрија и услугите во еврозоната остана во јануари на максимумот за последните пет ипол години.

Истовремено, показателот на отварање на нови работни места скокнал до највисокото ниво во последните девет години, објави компанијата за финансиски информации „HIS Markit“.

Економијата на 19-те членки за еврозоната добро ја започна годината и покрај фактот дека инфлаторните притисоци продолжуваат поради растот на цените на нафтата во последно време, оценува „HIS Markit“.

Во јануари индексот на деловните активности останал на 54,4 поени, при што помеѓу експанзијата и падот границата е 50. Аналитичарите на „HIS Markit“ истакнуваат дека опоравување на деловните активности се бележи ширум еврозоната и дека посебно е засилено во Ирска, Шпанија и Франција.

Претходно е објавено дека еврозоната во последниот квартал на 2016 година имала раст од половина процент, како и тоа дека стапката на невработеност во еврозоната паднала на 9,6 проценти, што е најниско ниво од мај 2009 година.

„Со оглед на тоа дека работни места се отвараат најбрзо од глобалната финансиска криза, изгледа дека компаниите го шират бизнисот и не се грижат многу како би можела да влијае политичката неизвесност на бизнисот“, рече водечкиот економист во компанијата Крис Вилијамсон.

Еврозоната е соочена со низа политички предизвици кои би можеле да му пречат на економското заздравување, вклучувајќи го стравот дека новиот американски претседател Доналд Трамп би можел да го одведе светот во нова ера на трговски протекционизам, почетокот на преговорите за излез на Британија од ЕУ, изобрите во Германија, Франција, Холандија.

„Значајни се ризиците дека политичките случувања можат да го пригушат дури и да го загушат растот, затоа сме внимателни околу изгледите за еврозоната, чиј БПД веројатно оваа година ќе порасне за само 1,5 проценти“, вели Вилијамсон.

Економијата во еврозоната би можела да има проблеми и поради растечките инфлаторни притисоци, додава Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП