12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските работодавци вработиле 227.000 лица

Американските работодавци вработиле 227.000 лица

17283084235894af61039fa770218280_w640

Американските работодавци во јануари вработиле 227.000 луѓе, но невработеноста е зголемена на 4,8 проценти, бидејќи поголем број на Американци побарале работа.

Министерството за труд на САД соопшти дека новите 227.000 работни места се најголемата бројка на вработени луѓе од септември 2016 година.

Во просек минатата година во САД месечно се вработувале по 187.000 луѓе.

Невработеноста е зголемена од декемвриските 4,7 проценти, но поради добра причина. Сега повеќе Американци бараат работа.

Иако, последните податоци покажуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп наследил солиден пазар на труд, има и слаби точки. Просечната плата за еден час работа едвај се зголеми во јануари, додека пак, зголемен е бројот на луѓе со половина работно време кои би сакале полно работно време.

Јануарските податоци се однесуваат повеќе на периодот пред Трамп да ја положи заклетвата. Во кампањата Трамп често тврдеше дека официјалните податоци за невработеноста ја преценуваат економијата. Тој тврдеше дека стапката на невработеност е „измама“ и дека е намалувана после рецесијата, воглавно затоа што Американците престанале да работат и да бараат работа.

Повеќе показатели на расположението меѓу бизнисмените укажуваат дека работодавците покажуваат оптимизам по победата на Трамп во ноември, бидејќи ветил намалување на даноците, дерегулација и поголема потрошувачка за инфраструктурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП