19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛукашенко: Москва не ги почитува договорите

Лукашенко: Москва не ги почитува договорите

lukasenko

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во петок ја критикуваше Москва заради непочитувањето на договорот за гас и заради границата, наведувајќи дека нема потреба во Белорусија да се прави руска воздушна база.

„Не сакавме ние независност. СЕ појавија две држави(Русија и Белорусија), имаме билатерални договори. Ние не прекршивме ниту еден, а Русија ги крши кога и да стигне“, рече Лукашенко на прес конференција.

Тој призна дека на Белорусија би и било тешко без руска нафта.

„Но зошто нè фаќаат за грло? Јасно е дека ќе преживееме без руска нафта. Ќе ни биде многу тешко. Но, слободата, независноста, немаат цена“, наведе Лукашенко.

Тој го обвини шефот на Федералната служба за безбедност(ФСБ) на Русија Александар Бортников, дека со неодамнешната одлука за воведување на погранични зони на границата со Белорусија, која до сега не постоеше заради постоењето на сојузот меѓу Русија и Белорусија, „ги поништил сите досегашни договори“.

Лукашенко уште додаде дека токму рускиот претседател Владимир Путин го наговарал да воспостави нормални односи со Западот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП