5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Европска стартап недела 2017“ во Скопје – Осмели се, започни свој бизнис!

„Европска стартап недела 2017“ во Скопје – Осмели се, започни свој бизнис!

startap nedela

Во текот на наредната недела, Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави ќе биде дел од „Европската стартап недела 2017“- можност за промоција и поддршка на македонската стартап заедница.

Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис. Дел од настанот ќе бидат успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации кои се клучни за поддршка на новите стартап бизниси.

„Европската недела на стартапи“ ќе започне на 6 февруари, а ќе трае до 10 февруари, на повеќе локации во Скопје и со неколку ко-организатори: Бојана Трајковска, Виктор Дано, Анета Палевска, Илија Вучков, Игор Маџов, Јулиа Мицевска, Зоран Настески и Елена Јовевска.

Настанот е со поддршка од ЕУ, збогатен со секојдневни работилници и предавања, а завршната конференција ќе се одржи следниот петок во ЕУ инфо центарот со почеток во 12, каде што ќе бидат присутни и членови на Европската делегација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП