3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLEGO® - почетоците и развојот на најпознатиот бренд на играчки

LEGO® – почетоците и развојот на најпознатиот бренд на играчки

lego

LEGO коцките настануваат во 1932 година. Оттогаш низ годините станаа омилен предмет за забава на децата, но и на возрасните. Запознајте ги најважните историски настани на LEGO Group.

1955 – LEGO® го започнува првиот LEGO систем на игри нагласувајќи го значењето на учењето низ игра.

1958 – Направена е изворната LEGO®коцка со нов систем на спојување-поврзување и изворниот патент е поднесен во данската канцеларија за патенти во Копенхаген.  Базата за „Играчката на векот“ е создадена.

1968 – Новиот забавен парк Legoland® е отворен во  Билунд, родниот град на  LEGO.

1969 – LEGO® DUPLO® сетот за игра изработен е за најмладите деца. Коцките се  поголеми од стандардните LEGO коцки, што го прават склопувањето многу полесно.

1977 – LEGO мини фигурите се појавуваат во облик кој и денес ги познаваме.

1979 – Се претставуваат  LEGO  тематските сетови и фокусот е ставен на  приказната и играње на улоги.

1980 – Создаден е LEGO оддел за образование, кој развива и пласира едукациски материјали.

1993 – Децата може да се облекуваат во  облека на  LEGO  марката.

1996 – Пуштена е во употреба LEGO  веб страна  – www.LEGO.com

1996 – Отворена е вратата на забавниот парк  LEGOLAND  во Виндсор.

1997 – Се појавува првата  LEGO  тематска компјутерска игра.

aab

2002 – Забавниот парк LEGOLAND во германскиот Гунзбург ја отвора својата врата за јавноста. Основан е  LEGO Институт за  учење, каде се собираат меѓународни стручњаци за детска фантазија, креативност и способност за учење.

2003 – LEGO Group забележува значаен пад и се наоѓа во сериозна криза.

2004 – фирмата се концентрира на опстанок и се соочува со  трендот на дефинирање на јасен акционен план.

2010 – Започнато е производство на фигури како колекционерски предмети. Секоја фигура доаѓа во затворено „мистериозно“ пакување,  така што никогаш не се знае кој лик е во пакувањето. Фигурите може да се разменуваат со другите колекционери и така да се собере целата колекција.

2011 – LEGO® NinjagoTM пристигнува на пазарот. Сетот комбинира фигури кои се вртат и  карти за играње со класични LEGO градежни елементи, што ја прави играта уште поинтересна.

2012 – LEGO® Friends пристигнува на пазарот. Сетот се фокусира на девојчињата. 3800 девојчиња и мајки учествувале во развојот и тестирањето  кои траеле  четири години. LEGO® Friends донeсе нов формат на мини фигури.

2012 – Највисоката  LEGO  кула е изградена во Прага.

2014 – По прв пат  LEGO светот е прикажан на филм.

aaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП