7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоштенски марки со Охрид и Санкт Петербург

Поштенски марки со Охрид и Санкт Петербург

Diego Costa

Македонска пошта, согласно Програмата за издавање на поштенски марки на Бирото за филателија за 2016 година, во употреба пушти заедничката поштенска марка на Македонска пошта и Федералното претпријатие „Марка“ од Русија, со мотиви на Охрид и Санкт Петербург.

Македонска пошта продолжува со промовирање на заеднички поштенски марки со други поштенски управи, кои стануваат баран филателистички производ помеѓу колекционерите на меѓународниот филателистички пазар.

Следејќи го овој тренд Македонска пошта во текот на 2016 година издаде заедничка поштенска марки со Пошта Косово, чија цел е прмоција на планинскиот туризам, со мотиви од Попова Шапка и Брезовица.

Поддршката што Македонска пошта ја дава за промоција и развој на туризмот преку издавање на ваков вид на поштенски марки ќе продолжи и во иднина. Следна иницијатива ќе биде печатењето на заедничка поштенска марка со Поштата на Јапонија, активност која е силно подржана и од Амбасадата на Република Македонија во Јапонија.

За потсетување, првата заедничка поштенска марка е поштенската марка издадена по повод „100 години од раѓањето на Мајка Тереза“, издадена помеѓу Македонска пошта, Пошта Албанија и Пошта Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП