14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдвокатската комора ги намали адвокатските тарифи за учество на адвокати во нотарските...

Адвокатската комора ги намали адвокатските тарифи за учество на адвокати во нотарските постапки

адвокатска-комора

Во интерес на што поголемо растоварувањена граѓаните, како и на стопанските субјекти, а како што беше најавено и при донесувањето на Законот за нотаријат, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10.000 евра, кој во согласност со новиот Закон за нотаријат задолжително треба да бидат изготвени од адвокат.

Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал.

Исто така, во постапките за издавање на платен налог, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.

Со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора на Република Македонија дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.

Доколку ваквиот став на Адвокатската комора на Република Македонија го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП