14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатата година е забележан раст во увозот и извозот

Минатата година е забележан раст во увозот и извозот

uvoz izvoz3399

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 266.650.320 илјади денари и бележи пораст од 6.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 376.130.328 илјади денари што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 109.480.008 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016, изнесува 70.9%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Обем на размената, I-XII 2016 Покриеност на увозот со извоз
642.780.648 илјади денари 70.9%
10.435.994 илјади евра 70.9%
11.544.649 илјади долари 70.8%


Стоковна размена изразена во евра и долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 4.329.267 илјади евра, и бележи пораст од 6.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.106.727 илјади евра што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 1.777.461 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 4.787.199 илјади долари и бележи пораст од 6.6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.757.450 илјади долари што е за 5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 1.970.251 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП