11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРокот истече: Ирска не виде ниту евро од Apple

Рокот истече: Ирска не виде ниту евро од Apple

аппле-ирска

Американскиот гигант „Apple“ не и плати 13 милијарди евра, колку што и должеше на Ирска за данок, а рокот за исплата штотуку истече.

„Не остварија никаков напредок, иако соработувавме со ирските власти“, изјави Маргарет Вестагер, главниот комесар задолжен за европски антимонополски тела.

Таа овој пат беше поблага во изјавите и објасни дека тоа сепак не е едноставен процес.

„Тоа е голема сума, нормално дека морате да имате план како тоа да го спроведете во дело. Тоа не е како од сметка да префлите неколку милиони, па поради тоа можам да го почитувам пролонгирањето на рокот поради компликации, можеби ќе им биде потребно малку повеќе време“, вели таа.

Европската комисија донесе пресуда според која „Apple“ мора на Ирска да и плати вртоглави 13,5 милијарди евра данок. Компанијата требаше во јанури да ја исплати таа сума.

И Ирска и компанијата „Apple“ подоцна се жалеа на пресудата и планираат да ја соборат. Доколку тоа не се случи, секако процесот може да трае со години поради законските пречки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП