3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиските берзи откако Кина ги зголеми каматните стапки

Пад на азиските берзи откако Кина ги зголеми каматните стапки

aziski-berzi

На азиските берзи во петок цените на акциите забележаа пад, најмногу во Кина бидејќи централната банка неочекувано ги зголеми краткорочните каматни стапки.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7:00 часот беше скоро непроменет во однос на вчера, додека цените на акциите во Јужна Кореа, Австралија, Хонг Конг и Шангај забележаа пад измеѓу 0,1 и 0,5 отсто.

Во Сингапур, акциите забележаа благ раст, додека MSCI индексот на азиско-пацифистички, без јапонските во 7:00 часот беше во минус од 0,3 отсто, симнувајќи се највисокото ниво во последниве три месеци.

Централната банка на Кина ги изненади глобалните финансиски пазари, зголемувајќи ги каматните стапки на краткорочните кредити на првиот работен ден по долгите празници, што е уште еден знак дека бавно се движи кон построга монетарна политика, за економијата да се стабилизира.

Народна банка на Кина објави дека ја зголемила каматната стапка за 0,10 отсто, а аналитичарите проценуваат дека со зголемување на каматните стапки за прв пат од 2011 година, сака да го забави растот на долговите на кинески компании.

“Верувам дека зголемувањето на каматните стапки од страна на властите покажува дека тие не сакаат компаниите да се премногу задолжени, што може да се случи со ниски камати на кредити”, вели Ирис Панг, аналитичар во компанијата Natixis.

Потегот на Кина дојде во добро време за пазарите на капитал бидејќи минатата недела се намали ентузијазмот поврзан со политиките на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Инвеститорите се претпазливи, бидејќи денес ќе бидат објавени податоци за вработеноста во САД, кои обично имаат значително влијание на пазарот, бидејќи овие индикатори влијаат на одлуката на американската централна банка за каматните стапки.

Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека во јануари бројот на вработени е зголемен за 175.000, по зголемувањето на 156.000 минатата година.

Поддршка на пазарите им обезбедува и растот на цената на нафтата што се должи на шпекулациите дека САД би можеле да воведе нови санкции врз Иран, што најавува нови геополитички тензии меѓу двете земји.

Утрово цената за барел на берзата во Лондон се зголеми за 0,8 отсто, на 56,77 долари, откако вчера падна за 24 центи.

На девизните пазари доларот закрепнува откако веќе неколку дена беше под притисок поради несигурноста на инвеститорите за тоа како најавените политики Трамп ќе влијаат на американската валута.

Ова утро девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута е околу 113,10 јени, а вчера во овој период изнесуваше 112,60 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0755 долари, а вчера во овој период изнесуваше 1,0790 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП