19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШангај го смени Ванкувер како најбрзо растечки пазар на луксузeн имот во...

Шангај го смени Ванкувер како најбрзо растечки пазар на луксузeн имот во светот

sangaj35

Специјалниот данок за странски купувачи на станови во Ванкувер изгледа има ефект и на цените на највисоката класа на домови, најпосакуваните од странците, па почнуваат да го забавуваат растот.

Па така, градот кој неколку последователни квартали беше најбрзо растечки пазар на луксузни имоти во светот, отстапува до 6-то место на листата на конкултантската компанија „Knight Frank“ за последниот квартал од 2016-та година.

Лидер според растот на цените на првокласните домови во последните три месеци од годинава повторно е Шангај со 27,4% годишно зголемување и 6,4% пораст во однос на претходниот квартал. Второто и третото место се за Пекинг и Гуангжу со соодветно 26,8% и 26,6% годишен раст и 2,5% и 19,4% за кварталот.

Топ 10 најбрзо растечки пазари на луксузни домови во светот се дополнува од Сеул, Торонто, Ванкувер, Сиднеј, Мелбурн, Берлин и Кејптаун.

Берлин го смени Стокхолм како најскапиот пазар на првокласни имоти, откако влезе во топ 10 на листата. Стокхолм задржува релативно стабилни позиции – 12-то место на листата, со 5% годишен раст на цените.

Најслабиот пазар на луксузни домови во светот во последниот квартал на минатата година е Москва. Во руската престолнина е забележан годишен пад на цените од 11,2% и 2,8% за кварталот.

Втор по пад е Токио со соодветно намалување од 8,8% на годишна основа и 3% за кварталот. Третата позиција е за Тајпеј со намалување од 8% и 2%.

Вкупниот индекс на консултантската компанија кој ја одразува динамиката на цените на луксузните станови на 39 пазари, го забавува растот до 4% во 2016-та година од 4,9% во 2015-та година. Одложувањето доаѓа главно од зрелите утврдени пазари на луксузни имот – глобалните финансиски центри Њујорк, Лондон, Хонг Конг, итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП