8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиобилетите сè се поевтини, расте побарувачката

Авиобилетите сè се поевтини, расте побарувачката

2044148534589352852b7c5474917290_w640

Глобалната побарувачка за авиопревозот пораснала за 6,3 проценти во 2016 година во однoс на 2015 година, бидејќи цените на авиобилетите опаднале.

„Отворањето на повеќе од 700 нови авиолинии во изминатата година и зголемениот пад на цените на повратните билети од 44 долари (41 евро) помогнаа во тоа авиопревозот да стане уште подостапен“, изјави генералниот директор на Меѓународната асоцијација за авиосообраќај IATA Александар де Жунијак, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа, како што додаде, овозможи глобалниот број на патници да достигне рекордни 3,7 милијарди.

Во меѓувреме, просечната пополнетост на капацитетите на светските авиопревозници, мерена според бројките на продадени седишта, пораснала за 0,1 проценти, на рекордниот годишен максимум од 80,5 проценти.

Де Зунијак го поздрави растот на глобалната побарувачка, но истакна дека е неопходно да се одбранат социјалните и економските бенефити на авиосообраќајот од бариери на патувањата и протекционистичките агенди.

Само во декември минатата година, глобалната побарувачка пораснала за 8,8 проценти на годишно ниво, благодарение на двоцифрениот раст на Блискиот исток, во Азиско-пацифичкиот регион и во Европа, пренесе агенцијата Ројтерс повикувајќи се на извештајот на IATA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП