ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата ќе субвенционира пренамена на стари куќи во апартмани за туристи

Државата ќе субвенционира пренамена на стари куќи во апартмани за туристи

Stari_kuki

Со финансиска поддршка од државата ќе се субвенционираат старите селски куќи кои граѓаните планираат да ги пренаменат во туристички апартмани.

Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен“.

Сопствениците на објектите ќе добијат надоместок на потрошените средства до 60 отсто од трошоците за оваа намена, но не повеќе од 3.000 евра по апликант.

Финансиските средства ќе се доделат по поднесување на барање од заинтересираните лица, заедно со докажаните трошоци за зафатот.

Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се развие руралниот туризам.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП