7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогнозa: Излегувањето од ЕУ носи процут

Прогнозa: Излегувањето од ЕУ носи процут

72384891758933a8e7b8ad868243863_w640

Банката на Англија ги зголеми прогнозите за растот на британската економија за наредните три години.

Оваа банка одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на рекордниот минимум од 0,25 проценти, додека економијата продолжува да бележи стабилен раст по одлуката за излез од Европската унија.

Банката во своите квартални проекции ја зголеми прогнозата за раст на два проценти за оваа година, на 1,6 проценти за 2018 година, и на 1,7 проценти за 2019 година. Според прогнозите од ноември, растот оваа година изнесувал 1,4 проценти, следната 1,5, а за две години тој би изнеусвал 1,6 проценти.

Растот на британската економија бил поголем отколку што многумина предвидуваа по одлуката на референдумот за излез на земјата од ЕУ. Во четвртиот квартал од 2016 година економскиот раст бил 0,6 проценти.

Поради страв од последиците од исходот од референдумот, Одборот за монетарна политика во август ги намали каматните стапки прв пат по седум години и ја прошири програмата за стимулативни мерки.

Фунтата од референдумот загуби петтина од вредноста, што влијаеше на зголемување на инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП