21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку потроши САД за воената кампања против ИСИС?

График на денот: Колку потроши САД за воената кампања против ИСИС?

article isis 00

Откако воздухопловната кампања против ИСИС започна во август 2014-та година, САД потрошиле малку под 11 милијарди долари за нејзино финансирање, раскажува „Statista“.

Според последните податоци на Пентагон, сметката за кампањата изнесува 10,99 милијарди долари на 31-ви декември 2016-та година. На дневна основа трошоците за операциите против терористичката група изнесуваат во просек од 12,5 милиони долари.

Од 2014-та година трошоците за воздухопловните операции достигна 4,4 милијарди долари, а муницијата против целите на ИСИС се 2,4 милијарди долари.

До 27-ми јануари оваа година авионите на САД и коалицијата извршиле 136.067 полетувања, за да извршат воздушни напади против различни објекти на терористичката организација. 17.734 удари биле нанесени до средината на минатата недела, а малку под 11.000 биле во Ирак, а близу 7.000 во Сирија.

За 31.900 цели беше соопштено дека биле делумно или целосно уништени кон крајот на септември минатата година.

Официјален претставник изјави за CNN во почетокот на декември, дека според нив околу 50.000 борци на ИСИС биле убиени од почетокот на воените операции во 2014-та година.

article isis 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП