21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на неколку патни правци отежнат од магла

Сообраќајот на неколку патни правци отежнат од магла

magla-patista-33

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб дожд врне во Маврово, Дебар и на планинскиот превој Буково. Магла со видливост до 50 м има на патен правец Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100м има во Куманово,Штип,Сарамзалино,Павлешенци,Кочани и Д.Капија.

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, од понеделникот сообраќајот не се одвива во двата правци.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од четвртокот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4×4.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП