28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонска бизнис-делегација на 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон

Македонска бизнис-делегација на 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон

molitven-pojadok-naslovna

Светската бизнис и политичка елита, на чело со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, традиционално го одбележа најеминентниот глобален собир – 65-тиот Молитвен појадок во Вашингтон.

Годинава, меѓу одбраното друштво од над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени, во својство на претставници на Република Македонија се вброија и основачот на фондацијата „Борис Трајковски“ и НВО активист, г-ѓа Вилма Трајковска и Извршниот директор на Фондацијата, г. Роберт Милчев, Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов со сопругата Емилија, Извршниот директор на „Триглав осигурување“, г. Ѓорѓе Војновиќ со сопругата Маја, Вицегувернер на Народната Банка на Македонија, како и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“.

IMG_8946

Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржа во хотелот „Вашингтон Хилтон“.

IMG_8131

Покрај главниот збор, кој по традиција за време на овој настан го има Американскиот Претседател, во рамки на активностите поврзани со 65-тиот Молитвен појадок, впечатливо обраќање имаа и американскиот Сенатор од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан.

IMG_8954

IMG_8947

IMG_8953

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП