17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКараван за тркачка патека: Mercedes E63 AMG Estate (фото)

Караван за тркачка патека: Mercedes E63 AMG Estate (фото)

mercedese63estate_09

Пред малку повеќе од 3 месеци „Mercedes-AMG“ го претстави новиот седан „E63“, а сега тунинг експертите од Афалтербах се подготвени да не израдуваат и со нешто практично, караван верзија на моделот.

Исто како седанот, тој ќе се нуди ексклузивно со „4Matic“ систем за погон на четири тркала, но и покрај него, експертите ветуваат многу „лебдечки“ емоции, бидејќи се поставени во електронскиот режим „Drift“. Кога тој е избран од возачот, „ESP“ системот се исклучува, менувачот преминува во рачниот режим, а електрониката ги избира најагресивните поставувања за работа на погонскиот систем, што практично го трансформира „E63 S Wagon“ во вистинска „лебдечка“ машина со заден пренос.

mercedese63estate_02

Сето ова се случува со помош на познатиот битурбо 4.0-литарски „V8“ мотор со 603 КС и 850 Нм вртежен момент кои ги придвижуваат тркалата со помош на 9-брзински автоматски менувач со две спојки. Технологијата за распределба на вртежниот момент и задниот диференцијал со ограничено лизгање и електронската контрола, се дел од стандардната опрема, како и активната суспензија на моторот.

Mercedes-AMG E 63 S 4MATIC+ T-Modell, diamantweiß, Motor ;Kraftstoffverbrauch kombiniert: 9,1 l/100 km, CO2-Emissionen kombiniert: 206 g/km Mercedes-AMG E 63 S 4MATIC+ Estate, diamond white, engine; Fuel consumption combined: 9.1 l/100 km; combined CO2 emissions: 206 g/km

Бидејќи е малку потежок од седанот, „E63 S Wagon“ има потреба од дополнителна десетинка од секундата, за да се забрза до 100 км/ч, но дури и така, мора да признаеме дека 3,5 секунди се повеќе од импресивен резултат за еден караван. Максималната брзина е малку пониска – 290 км/ч (на седанот е 300 км/ч), но таа е ограничена по електронски пат. Потсетуваме дека станува збор за автомобил со тежина од околу два тона.

mercedese63estate_03

Преправен како суперавтомобил, овој семеен автомобил има и масивен багажник со волумен од 990 литри со исправени задни седишта, што според „Mercedes“ е најдобро достигнување на возило од оваа класа. Во ентериерот и екстериерот недостасуваат големи изненадувања, бидејќи новиот модел на „AMG“ ги имаат превземено од седанот, кои вклучуваат и четирите издувни цевки.

mercedese63estate_04

Германците ќе го покажат новиот караван во март на автомобилскиот саем во Женева, а продажбата во Европа ќе започнат малку подоцна во текот на годината.

mercedese63estate_07

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП