11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFAO: Цените на храната го достигнаа максимумот

FAO: Цените на храната го достигнаа максимумот

235630821589315327f680080231155_w640

Светските цени на храната во јануари го достигнаа речиси двегодишниот максимум, потпомогнати од растот на цената на шеќерот и извозните цени на житарките и растителните масла.

Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

Ценовниот индекс кој го премсетува FAО и кој ги мери месечните промени на цените во основната кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер), порасна во јануари на 173,8 поени од ревидираните 170,2 поени во декември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Месечниот раст од 2,1 проценти ги истурка цените на храната на меѓународните пазари на нивното највисоко ниво од февруари 2015 година, и за 16,4 проценти над нивното ниво од јануари минатата година.

FAO сега прогнозира дека глобалното производство на житарки ќе достигне 2,592 милијарди тони во сезоната 2016/2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП