10 мај, 2025
ПочетнаКАРИЕРАЈасни знаци дека сте премалку платени

Јасни знаци дека сте премалку платени

plata-presmetka

Знаеме дека оваа тема е критична и знаеме дека има многу невработени и многу кои едвај нашле работа. А знаеме дека и работодавците мислат дека „сите вработени се заменливи“, па доколку не ви се допаѓа платата можете слободно да си заминете…

Ова се јасни знаци дека сте платени помалку отколку што заслужувате:

1. На огласите за работа од вашиот работодавец се бараат нови вработени за место како вашето, но со повисока плата

2. Приходите на вашиот работодавец се се поголеми, но вашата плата не се помрднува од место

3. Истражувањата ви покажуваат дека сте премалку платени

4. На почетокот на работа сте добивале помала плата од просечната, а оттогаш ништо не е променето

5. Заработувате помалку од колегите на слично ниво, со слично искуство и образование

6. Сте добиле повеќе работа и одговорности, но платата останала иста

7. Специјализирани сте за област во која има дефицит на работна сила

8. Сметате дека би требало да бидете среќни што воопшто работите во денешно време

9. Никој не ја коментирал вашата работа и не спомнал зголемување во последната година

10. Едноставно го имате „тоа“ чувство

11. Вашите претходни зголемувања биле незначителни

12. Вашиот шеф зборува двосмислено кога ќе се спомне вашата кариера

13. Вработените во вашата компанија постојано се менуваат само вие седите и трпите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП