19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа користи под 60% од транзитниот капацитет за рускиот природен гас

Европа користи под 60% од транзитниот капацитет за рускиот природен гас

gas eu3

И покрај невообичаено студеното време во Европа, земјите не го користат целосниот капацитет на транзитните гасоводи од Русија. Тоа, го рече комесарот за прашањата на Енергетската унија Марони Шефчович при претставувањето на извештајот за напредокот на Енергетската унија.

Кратката прес-конференција беше емитувана на видеосистемот на Европската комисија.

Шефчович посочи дека до овој момент се користат помеѓу 50% и 60% од транспортниот капацитет на транзитната мрежа. Тој прецизираше дека во однос на зависноста од руски гас има подобрување на ситуацијата во 22 од 28-те земји од заедницата, а пазарот на гас во Европа е многу ликвиден. Шефчович посочи дека сите увозници на природен гас во ЕУ ќе треба да се подготват за поостра конкуренција.

„Ние сме подготвени за оваа конкуренција, која ќе доведе до транспарентни цени, без дополнителни услови“, рече комесарот и додаде дека Јужниот гасен коридор се развива добро и до 2020-та година во ЕУ ќе потече гас од Каспиското Море.

Во Брисел внимателно ја следат ситуацијата со снабдувањето и обемот на потоците од Русија кон Украина, особено во услови кога двете земји си разменија обвинувања за транзитот. По потреба ќе бидат иницирани трилатерални преговори – меѓу ЕУ, Русија и Украина, коментира тој и додаде дека и Москва и Киев имаат подготвеност да биде свикана на слична средба.

Во декември на последниот трилатерален состанок не беа постигнати гаранции за транзитот на гас за Европа, но и досега нема проблеми во овој поглед.

Комесарот го истакна уште и проблемот со чистотата на воздухот во голем број европски градови во оваа зима. Според некои делови на Европа загадувањето достигнува до нивото на Пекинг. Во исто време, сепак, има и добри примери за преминување од јаглен на „почиста“ енергија. Генерации Европејци кои работеле во рударската индустрија, веќе наоѓаат алтернатива.

„Тоа ќе се подобрува во иднина“, категоричен е тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП